fbpx

Косовската полиција го уапси кандидатот за пратеник од редовите на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) Хаџи Хоти, кој вчера му упати смртни закани на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово откако неговата партија победи на парламентарните избори во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста во изјава за медиумите ја потврди портпаролот на косовската полиција Даут Хоџа, кој информира дека на Хоти му е одрдена мерката притвор во траење од 48 часа.

Хоти вчера, преку објава на Фејсбук, му порача на Курти дека „има две можности: или да го напушти Косово или да биде убиен“.

Според Хоџа, полицијата, по информацијата објавена на социјалните мрежи, постапи според службената должност согласно законските овластувања, третирајќи го случајот како „поттикнување на убиство“.

 

Shpërndaj me

Loading...