fbpx

Пред полноќ имал пријави за пукотници во улица “Шамак„ во скопско Инџиково.

Според првични информации околу 23 часот две непознати лица маскирани со фантомки вооружени со пиштол влегле во ходникот од куќата на 49 годишниот И.А од Инџиково, кој бил во куќата со сопругата и истите ги легнале во ходникот, во другата соба имало роднини.

Вооружените лица им побарале пари, откако И.А им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол према И.А и го погодил во пределот на главата, по што заминале во непознат правец. Од страна на доктор од брза помош констатирана е смрт на И.А.

Shpërndaj me

Loading...