Со музика од 12 до 18 часот, угостителите им порачаа на властите дека не можат повеќе да чекаат отворање на локалите. Револтирани се од односот на Владата бидејќи во јавноста со недели се лиферуваа неколку датуми за отворање на објектите, кои на крајот се покажуваа неточни.

Од Комората на угостители, за Алсат велат дека за да може да се отворат објектите ќе треба економска исплатливост и бараат не само на тераси и во летни бавчи, гости да може да примаат и во внатрешниот дел од локалот.

„Најмногу што секој угостител го боли дека гледа дека има јавен превоз, дека во продавници влегуваат луѓе, на една клупа седат по седум – осум луѓе, се дозволија конференции во затворено со неограничен број на луѓе, ние тоа го гледаме, а нас ни кажуваат мерки кои се страшно ригорозни“; рече Мартин Ангеловски Комора на угостители.

„Дали ќе пуштат музика или нема да пуштат музика, знаеме дека постојат, заради тоа што тие се тие кои што добија и минимални плати и платени придонеси и тоа покажува дека државата најмногу внимавала на угостителите“, рече техничкиот премиер, Спасовски.

На угостителите ќе им биде дозволено да работат во целиот објект, но бројот на гости ќе биде ограничен и ќе се служат само тие што седат во точно определен дел од локалот. Околу една маса треба да има речиси 10 квадратни метри и ќе може да седат само четири лица. Дезинфекциско средство мора да има на секоја маса, редовно да се дезинфицира локалот и задолжително е носење маски и ракавици од вработените.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...