Трошокот за дезинфекциски средства и потребна заштитна опрема како маски и ракавици за вработените, кои ќе треба да ги има во секое кафуле или ресторан да бидат на товар на државата. Ова е новото барање на угостителите до надлежните. Според нивните пресметки на дневна основа ќе се трошат 3000 денари за набавка на овие средства.

„За еден објект со посериозен капацитет би чинело околу 3000 денари дополнителни трошоци дневно. Да се обезбедат сите оние дезифекциони средства, за хигената за промена на заштитна опрема со тоа што во нашиот предлог побаравме тоа да се третира како преветивна мерка, и колку што може да ни се помогне дали ќе биде со обезбедување на дел од средствата или во вид на рефундација“, вели Мартин Ангеловски- Групација на угостители.

Но за ова барање експресно реагираше премиерот Оливер Спасовки, велејќи дека со ваков предлог угостителите си го гледаат само личниот интерес, наместо да дадат предлог како да ја сузбијат сивата економија во нивните објекити.

„Мислам дека вакви предлози покажуваат дека освен личниот интерес не гледаат ништо подалеку, ниту на интересот на државата ниту за зачувување на економијата. Очекувам предлог од угостителите како и на кој начин директно ќе ги врземе софтверите државата и угостителите да нема сива економија во нивните угостителски објекти“, рече премиерот Спасовски.

Државниот пазарен инспекторат за 8 дена  казнил 5 угостителски објекти кој работеле и за време на полициски час. Кафулињата и рестораните според најавите на надлежните се очекува да да започнат со работа од следната недела.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...