Денес се работи интензивно на чистење и уредување на рестораните и кафетериите за нивно повторно отворање. Сепак, сопствениците на ресторанитe се збунети околу тоа како ќе се организира нивната работа во текот на утрешниот ден.

Додека не  добијат  одговор, рестораните продолжуваат да ги дезинфицираат и чистат објектите, чекајќи ги првите клиенти во текот на утрешниот ден. Сопствениците инсистираат, како и  стопанската комора на угостителите, работата да биде дозволена и внатре во просториите.

„Пред две недели ја направивме дезинфекцијата, се подготвивме и чекаме. Донесена е одлуката на Влада но и на Комисијата за заразни болести и да видиме каква ќе биде процедурата за работа. Искрено, треба да ни дозволат да работиме и внатре, затоа што вирусот не е само надвор, туку и внатре“, вели Валмир Адеми- сопственик на ресторан.

Министерството за економија соопшти пред неколку дена дека доколку протоколите за работа се следат правилно, наскоро може да се премине во третата фаза, каде што работата би била дозволена и во затворени простории.

Башким Сулејмани

Shpërndaj me

Loading...