Близу 15 илјади вработени во угостителскиот сектор биле отпуштени од работа од појавата на коронавирусот. Угостителите најавуваат дека владините мерки нема да ги користат, а државата овие пари директно да ги намени за оние кој останале без работа. Донесените мерки за овој сектор се недоволни и нејасни и наместо помош ќе ни донесат дополнителни задолжувања, велат од групацијата.

„Кога интитуциите не ни помогнаа да се грижиме за лицата во нашиот сектор, сега ќе дозволиме директно за нив да се грижи државата. На овој начин институциите ќе можат директно да им помогнат без доплнително да нè задожуваат со кредити за придонеси и наталожени трошоци…“, рече Мартин Ангеловски- Групација за угостителство.

Масовни отпуштања ќе има и во микро-бизнисите до 10 вработени доколку Владата не донесе други мерки. Претставниците и од малите фирми кои вработуваат до 50 лица, велат дека не сакаат да отпуштаат, но со сегашните владини мерки наскоро ќе мора да го прават тоа.

„Време е да се предлагаат мерки кои нема да бидат дискриминирачки и нема да важат за некој повеќе за некој помалку, а ние останавме на работ на пропаста како граѓани од втор ред без никаква помош“, изјави Катерина Петровска- Групација на микро бизниси.

И од двата сектора бараат платата и придонесите за нивните вработени во наредните месеци да ги преземе државата. Според податоците до кои вчера дојде Алсат, само во изминатиов месец од работен однос биле одјавени над 20 илјади лица.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...