fbpx

Унифицирањето на учебниците, особено Букварот, за албанските ученици од Македонија ќе биде запаметено само како ветување на ДУИ. И покрај тоа што со министерството за образование со години раководеа министрите од ДУИ, Букварот никако да стана реалност.

Додека во Македонија неговата употреба не е дозволена, таа веќе се користи во Косово, но и во Прешевската Долина, која се наоѓа во рамките на Србија.

Професорот и ветеран на образованието, Џеладин Мурати вели дека станува збор за недостаток на политичка волја за спроведување на ваков проект.

Албанците исто така раководат во оваа земја, но тие немаат сили да се обединат. Всушност, нема сила во Македонија, ниту политичка подготвеност да се користи заеднички Буквар, или како што се нарекува Национален буквар, кој, оној што го видел е многу убав, многу естетски, многу значаен, многу суштински и кој е единствениот текст што го обединува албанскиот простор и на учениците каде што учат. Тоа би било многу добар текст, но во Македонија нема подготвеност и не е дозволено да се користи и покрај тоа што министерот е Албанец  -изјави Џеладин Мурати, професор.

Покрај унифицирањето на букварот, ДУИ веќе неколку пати вети дека ќе ги поправи јазичните грешки и содржината во учебниците. Ваквото ветување е предвидено и во предизборната програма 2020-24 година. Професор Мурати цени дека одговорноста требало веќе да се бара од сите оние кои толерирале вакви грешки.

Оваа политика, овој процес ќе продолжи понатаму затоа што има недостаток на одговорност, првично национално, да се реализира значаен текст од каде ученикот учи кој е изворот на знаење, а тоа е изворот од кој ученикот учи како да пишува, како да се научи и како да се користат термините – рече Џеладин Мурати, професор.

Книгите кои со години наназад имаат бројни грешки во правописот и содржината, во некои случаи дури и скандалозни, се во предметите: географија, општество, историја, природни науки и музичка уметност.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...