fbpx

Додека се чека одлуката за тоа како од септември ќе се одвива наставниот процес, УНИЦЕФ ја повика владата да ги отвори училиштата. Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ, рече дека доколку не се преземат добро осмислени активности, образовната криза ќе се продлабочи уште повеќе.

„Ние мора да дејствуваме сега, за децата да не бидат скриени жртви на оваа пандемија, носејќи ги на своите рамења долгорочните ефекти на кризата и да се пренесат негативните ефекти од пандемијата на следната генерација. Она што е во најдобар интерес на децата треба да биде основната почетна точка во одлучувањето, кога и како ќе се отворат училиштата“, вели Патриција Ди Џовани – Претставник на Канцеларијата на УНИЦЕФ.

Истражувањето спроведено од УНИЦЕФ открива низа технички проблеми со кои се соочиле наставниците при спроведувањето на онлајн наставата.

„54 проценти од анкетираните наставници забележале зголемување на бројот на ученици кои имаат потешкотии во учењето. 77 проценти, во некоја фаза на учењето не можеле да ги контактираат некои од нивните ученици. 42 проценти од наставниците имале ограничен пристап до Интернет. Повеќето наставници пријавиле дека им е потребна дополнителна обука.  Значителен број ученици го делеле компјутерот со другите деца од семејството“, велат од УНИЦЕФ.

Друго истражување, спроведено од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, каде биле анкетирани родители, покажува дека 58,2% од нив сметаат дека децата преку учење онлајн се оценуваат со повисоки оценки, но стекнале многу помалку знаење. Драги Змијанац, од „Меѓаши“, вели дека учењето преку Интернет има негативно влијание врз менталното здравје на децата.

И двете истражувања покажуваат дека мнозинството го поддржуваат комбинираниот модел за реализација на процесот на учење, со физичко присуство во училницата и учење од далечина. Дури 84% од директорите сметаат дека нивното училиште има услови за развој на учењето со почитување на мерките за заштита. Критика за учење преку Интернет денеска даде и Народниот правобранител, кој оценува дека институциите не биле целосно подготвени и дека учениците во руралните средини, оние од социјално ранливите семејства и децата со посебни потреби, најмногу ги почувствувале негативните ефекти.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...