fbpx

Изградбата на водоводниот систем во Синичане ќе се гради откако жителите на Урвиќ ќе добијат гаранција од државата дека ќе се реновира и канализацијата и водоводот во нивното село, изјави министерот за земјоделство Трајан Димковски. Во телефонскиот разговор, Димковски рече дека очекува градоначалникот на Боговиње и жителите на селото Урвиќ утре да достават проект за реновирање на канализациониот и водоводниот систем на селото Урвиќ. Реновирањето на застарените водоводни и канализациони цевки во Урвиќ, како услов за изградба на водоводниот систем во Синичане, го потврди и градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, кој рече дека следната средба со претставниците на Владата ќе се одржи оваа недела. Тој додаде дека во моментот решението за проблемот остана „статус кво“, а селаните и понатаму престојуваат на планините бидејќи таму е присутна и полицијата.

„Денеска повторно се јавив на телефон да му кажам дека утре треба да имаме состанок. Министерот ми рече дека треба да се координира со Премиерот и верувам дека за три – четири дена ќе имаме уште еден состанок и изрази позитивно мислење за целиот овој случај кој треба да заврши добро.  Состанокот што ќе се одржи ќе биде важен. Ќе видиме после три – четири дена, кога ќе одлучат тие и тогаш кога ќе се одлучи во Владата ќе видиме дали ќе продолжиме или не. Заради ситуацијата не сакам да откријам повеќе. Нивното главно барање беше замена на целиот цевковод од нивниот водоводен систем“.

Но, за присуството на полицијата, МВР го повтори ставот дека тие не ја попречуваат изградбата на водоводниот систем.

МВР

„Ние како институција која е должна да го одржува јавниот ред сме присутни на локацијата затоа што имаме оперативни информации и конкретни јавувања од локалните жители за сериозен ризик за нарушување на јавниот ред, како и барање од градоначалникот на Боговиње за присуство на полицијата во областа близу водоводниот систем. Дејствуваме според подготвениот оперативен план за да не дојде до несакани настани и до посериозни последици по мирот и безбедноста на граѓаните“.

Од полицијата додаваат дека нема да заминат се додека не бидат сигурни дека не постои опасност од нарушување на јавниот ред.

МЕфаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...