fbpx

Почина прв лекар од Ковид-19 во земјава. Станува збор за 64-годишниот Арификмет Деари, уролог од Тетово. Веста за неговата смрт ја објави министерот за здравство, Венко Филипче, кој наведе дека Деари бил хоспитализиран поради невролошки проблеми, а починал поради компликации од Ковид-19.

По 15 дена хоспитализација, тој ја загуби битката со болеста. Д-р Деари кој беше неколку дена пред пензија е првиот лекар што го загуби животот како резултат на компликациите од коронавирусот“-изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче ги повика лекарите и граѓаните да се грижат за своето здравје и да ги почитуваат протоколите на работното место и во приватниот живот. Инаку, од почетокот на пандемијата, најмалку 540 лекари и медицински персонал се заразија од вирусот, а тоа се 9 проценти од сите заболени. Најновиот случај е од градската болница во Куманово, каде е заразена директорката, Снежана Захариева. Светската здравствена организација објави дека 1,3 проценти од здравствените работници во светот заболеле од вирусот. Најкритична е состојбата во Африка, каде се пријавени најмалку 6.000 заразени лекари.

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...