fbpx

Темепратурата на воздухот утре и задутре според најавите на метеоролозите ќе се искачи до 40-тиот степен, а УВ индексот ќе изнесува 9.

Од УХМР најавуваат дека сончево и многу топло време ќе преовладува до недела кога ќе настапи повторно стабилизирање на времето и пад на температурите.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движиод 30 до 40 степени. Утринската од 14  до 24 степени.

И задутре времето ќе биде сончево и топло, со утрински температури од 14до24 и максимална од 34 до 40 степени.

Во сабота претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнеусва 8. Утринската температура ќе биде од 15 до 25, дневната максимална од 30 до 38 степени.

Спуштање на темпратуата се очекува во недела, кога максималната температура ќе се искачи до 34 степени. Времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец.

 

Shpërndaj me

Loading...