Долгоочекуваниот втор сет на економски мерки ќе се најде утре на владина седница. Неофицијално Алсат дознава дека државата ќе обезбедни минимална плата за секој работник во приватните фирми погодени од коронавирусот, а придонесите ќе треба да ги плати фирмата. Од буџетот ќе се обезбеди минимална плата од 14.500 и за сите медиумски работници, уметници и спортисти во наредните два месеци. Првиот сет на економски мерки донесени од Владата наидоа на критики од страна на бизнис секторот. За нив мерките се задоцнети, недоволни и селективни. Стопанските комори секојдневно даваат нови предлози за мерки кои според нив, се итни и неопходни за полесно надминување на корона кризата.

„Услужната комора апелира пролонгирање на рокот за регистрација на товарните и патничките возила до завршување на кризата, бидејќи претставува дополнителен трошок како за компаниите така и за сите граѓани, а со тоа осигурителните копании да ја продолжат важноста на полисата за истиот продолжен рок. Најголемите последици голем ден од компаниите ќе ги почуствуваат по завршување на пандемијата“, рече Филип Манојловски- Услужна комора.

За спас на економијата досега Владата донесе мерки за подигнување на бескаматни кредити на фирмите, стопирање на извршителските и стечајните постапки, како и олеснување за физичките и за правните лица за обврските кој ги имаат кон банките.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...