fbpx

Ова е последна недела за школската 2018-19 година. Учениците ќе одат на летен распуст, а училиштата ќе бидат затворени. Но тука не завршуваат проблемите со кои и оваа година се соочија учениците и наставниците. Многу училишта останаа нереновирани, пренатрупани училници, многу ученици останаа без учебници, а тие што добија, повеќето беа искинати и стари поради нивниот слаб квалитет. Освен ова, наставниците се соочија со двојна работа поради пополнување на електронскиот дневник и без мотив за работа поради ниските плати. Од Синдикатот за образование и наука и ги потсетија институциите да бидат одговорни и да ги подобрат условите.

За разлика од СОНК, од Министерството за образование и наука се задоволни од реализираните проекти во ова школска година. Оттаму велат дека почнало зголемувањето на платите, корегирани се учебниците, направени се нови наставни програми за граѓанско образование, музичко и географија, а при крај е и новиот закон за основно образование.

“Направивме закон за наставниците во основно и средно образование и тоа ќе биде една од најголемите реформи во образовниот процес, развој во кариерата, професионален развој кој им недостига на нашите наставници и со кој директно и мотивирачки се влијае на наставниците“, рече Арбер Адеми, министер за образование.

Освен споменатите проблеми, изгледа дека и оваа година нема да почне изградбата на основното училиште во Визбегово и нема да се реши проблемот со учениците од населбата Барди во Блаце кои живеат во Македонија а учат во Косово.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...