fbpx

Снабдувањето на училиштата со потребна опрема за заштита од Ковид 19 сега веќе требаше да заврши, доколку новата учебна година се планира да започне на 1 септември. Вака сметаат од Центарот за граѓански комуникации додавајќи дека секој нов евентуален оглас за јавна набавка нема да може да се затвори во рамките на преостаниот рок до почетокот на новата учебна година.

Некои од директорите со кои контактираше Алсат велат дека сега веќе почнале со генерално чистење и дезинфекција на училиштата, но додаваат дека вообичаената опрема и средства  за одржување на училиштата не се доволни сега кога веќе треба да се почитуваат и протоколите за здравствена заштита.

Од Министерството за образование велат дека нема доцнење во снабдувањето на училиштата со опрема за заштита од вирусот бидејќи ќе се обезбедат преку блок-дотации кои им се доделуваат на училиштата. Првично велат од таму училиштата можат да ги користат резервите кои не ги искористија во текот на периодот кога училиштата беа затворени поради коронавирусот.

Од Владата велат дека постапката за снабдување на училиштата со средства за заштита од коронавирусот ќе зависи од протоколите за работа на училиштата, кои се уште не се усвоени.

Melihate Rustemi

Shpërndaj me

Loading...