fbpx

Доцнењето на реформскиот процес во Исламската верска заедница, особено неодржувањето избори за поглавар на оваа институција предизвика реакција на некои имами. Шаќир Фетаху не може да се самопрогласи за Реис или да биде на неодредено време вршител на должноста поглавар на ИВЗ, вели Максут Абази, имам во селото Порој во Тетово. Абази смета дека сегашните раководни лица во ИВЗ се следбеници на Сулејман Реџепи кој, според него, цели 14 години не го реформирал, туку го влечкал ИВЗ, кој останува единствената институција не ослободена од комунизмот.

После него дојде неговиот најблизок соработник за кој порано зборувавме. ова е слично како тие што ја носеа штафетата на Тито од рака на рака 30 години на овие краишта. Тешко е да се случат реформи со луѓе кои не успеале да се реформираат себеси“-рече, Максут Абази – имам во с. Порој.

Имамот Максут Абази смета дека не е добро сегашните муфтии и членови на Ријасет кои го поддржаа Сулејман Реџепи повторно да дојдат на чело на ИВЗ. Според Абази, ИВЗ треба да го водат совесни, интелектуални луѓе кои студирале на меѓународни универзитети и кои се докажале и им помагале на луѓето.

Таквите луѓе кои не успеале да се реформираат себеси не може да се очекува од нив реформа. Мухамед (мир и благослов на Аллах џ.ш да е со него) во краток хадис вели:” едуцирајте се самите, потоа едуцирајт еги другите”. Јас не се надевам на нив. Ако сака Господ да има фер и демократски избори и на чело на ИВЗ да дојдат тие што заслужуваат. Не е живот како што многумина од нив мислат „само да земаат и да имаат, туку да дадеш и да бидеш“-изјави Максут Абази – имам во с. Порој.

Инаку, вршителот на должноста Реис на ИВЗ, Шаќир Фетаху, и по четири месеци од разрешувањето на Сулејман Реџепи, молчи по прашањата на Алсат за тоа што се случува во оваа Институција по разрешувањето на Сулејман Реџепи, до каде е со организацијата на изборите во ИВЗ, и кои се конкретните причини за разрешувањето на Реџепи. Од ИВЗ молчат и за можните злоупотреби извршени од поранешниот поглавар на оваа институција. Управата за јавни приходи и Централниот регистар немаат одговор зошто не постапиле против ИВЗ, која 5 години не доставува годишни годишни финансиски извештаи.

Shpërndaj me

Loading...