Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави министерот  за здравство, Венко Филипче.
Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години од Куманово и пациентка од Скопје на 68 години.
Пациентот е починат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде се лекувал од 30 мај, а пациентката во ГОБ „8 Септември“ која била хоспитализирана на 29 мај.
Според информациите што ги објави попладнево Министерството за здравство, најмногу нови случаи повторно се регистрирани во Скопје – 109, потоа во Куманово – 26, Штип – 15, Тетово – 12, Гостивар – 8, Гевгелија – 2 и по еден нов случај има во Дебар, Струга, Велес, Битола, Валандово, Свети Николе и Неготино.
Во изминатите 24 часа направени се 1.272 теста.

Shpërndaj me

Loading...