Во изминатите 24 часа утврдени се нови 67 позитивни тестови на Ковид-19, објави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека распоредот на новозаболените по градови низ Македонија сѐ уште се изработува и ќе биде готов во следните неколку часа, но кажа дека само во липковскиот регион има 11 нови случаи.

Со ова, вкупниот број на позитивни тестови во државава достигна 2.382.

 

Shpërndaj me

Loading...