fbpx

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се разгледува воведување на нови мерки за заштита од КОВИД-19 поради влошената состојба. Според него, со зголемувањето на бројот на заразени во последните денови, есенскиот бран веќе започнал. За да се избегнат ограничувачки мерки како што се полициски час или карантин, се дискутира да се наложи задолжително носење на заштитни маски и на отворено.

Податоците од последните 14 дена во земјава покажуваат дека на 100 илјади жители инциденцата на заболени достигнала 79,2%, додека во другите земји овој просек е 76. Во меѓувреме, во последните 24 часа регистрирани се 88 нови случаи од извршени 1.618 тестови. 5 лица починаа, а 135 пациенти се водат како оздравени .

Од друга страна, иако три недели по ред Филипче ја најавуваше одлуката за границите, денеска рече дека не може да даде рок. Ниту оваа недела нема да се одржи состанок меѓу здравствените власти на земјите од регионот за да се одлучи за евентуално слободно движење на граѓаните без негативен ПЦР тест.

Од почетокот на пандемијата, бројот на случаи увезени од странство кај нас достигнал 414, од кои само 24 граѓани на Косово се регистрирани како заразени. Во случај ако границите во регионот не се отворат, евентуално укинување на ПЦР тестот би имало само за Косово.

Adnan Qaili

Shpërndaj me

Loading...