fbpx

Според анализите на Комисијата за заразни болести на комулативната состојба со епидемијата заклучно со 19 септември од почетотот на епидемијата најголем број случаи се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, при што највисока инциденца на 100.000 жители има во Штип. Според дистрибуција по возрасни групи од вкупниот број случаи и натаму најзастапена е групата над 60 години, но евидентно е исто така дека избива и групата меѓу 30 и 39 години.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ова укажува на тоа дека вирусот е се поприсутен меѓу работоспособното население и популација која има многу активен со социјален  живот односно многу контакти.

 

Shpërndaj me

Loading...