Министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста вирусот Ковид-19 во земјава да бил присутен и многу порано, пред официјално да се детектира првиот случај.

Прашан за коментар околу случајот во Велес, што денеска го објави Алсат, каде пред неколку дена беа пронајдени две мртви тела, починати во јануари, а во едното од нив деновиве е изолиран Ковид-19, Филипче вели:

„Не е исклучена можноста вирусот да бил присутен во нашата земја и порано, посебно имајќи во предвид што излегуваат сѐ повеќе публикации дека има и асимптоматски носители на вирусот“, рече Филипче.

 

Shpërndaj me

Loading...