Околу еден месец дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска го кочи проектот за справување со коронавирусот вреден 90 милиони евра, средства од Светската банка кои, меѓу другото, се наменети за кревети за интезивна нега за сите инфективни одделенија во државава, за лабораториски капацитети,…

Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче при што информираше дека Димитриевска-Кочоска неколку пати испраќала барање до Министерството за здравство за објаснување за што ќе се употребат средствата и исто толку пати и било одговорено. Според Филипче, прашањата на заменичка министерка за финансии и се повторуваат, а со таа нејзина постапка на одолговлекување, не се одобруваат средствата за здравствениот систем, односно за ургентна поддршка за зајакнување на капацитетите  за третнам на ковид пациенти.

 

Shpërndaj me

Loading...