Не се точни информациите во јавноста дека има масовно отпуштање на вработени тврди директорката на агенцијата за вработување Билјана Јовановска. Сепак останува неодговорено прашањето колку граѓани биле отпуштени по појавата на коронавирусот во земјава. „Секоја одјава од задолжително социјално осигурување, не значи дека за истото лице нема  нова пријава за социјално осигурување“ вели таа.

„Таа информација не е точна кај нас во центрите за вработување ниту е реализирана масовна одјава од задолжително социјално осигурување, ниту пак во мометов имаме масовни најави за технолошки вишок за голем број на лица“, рече Билјана Јовановска- Директорка на Агенција за вработување.

Работодавачите и денес чекаа ред пред Агенцијата за вработување, да одјават или пријават вработени. Дел од фирмите го менуваат работното време од полно на скратено за да ги намалат трошоците но и висината на платите на вработените.

Прашање: Одјавувате некого?

-Да

Прашање: Зошто, поради коронакризата?

– не имаше еден за одјавување

Според листите до кој дојде Алсат во изминатиот месец има повеќе од 20 илјади граѓани кој останале без работа, најголем дел од отказите биле поделени во Скопје. Претставниците на угостителскиот сектор изјавија дека досега се одјавени 15 илјади луѓе само во овој сектор.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...