Кредитните агенции „Фич“ и „Стандард и Пурс“ го потврдија уште еднаш кредитниот рејтин на Република Северна Македонија. „Фич“ ја оценува земјава со ББ+, но сега со негативен изглед поради глобалната пандемија, додека „Стандард и Пурс“ со ББ- со стабилен изглед, соопшти денеска Министерството за финансии.

И двете кредитни агенции, како резултат на КОВИД-19 кризата и проекциите за забавување на глобалната економија, предвидуваат контракција на економскиот резултат во 2020 година и закрепнување, односно раст во 2021 година, со тоа што Фич проектира -4,2 проценти за 2020 и 5,1 процент раст во 2021, додека „Стандард и Пурс“ -5 проценти во 2020 и 3,8 проценти во 2021 година.

 

Shpërndaj me

Loading...