fbpx

Франк де Бур е назначен за нов селектор на Холандија. 50-годишниот тренер го заменува Роналд Куман, кој минатиот месец ја презеде Барселона и потпиша двегодишен договор до Светското првенство во Катар во 2022 година.

Де Бур, кој исто така беше дел од каталонскиот гигант, ги освои како тренер рекордните четири последователни титули во Ередивизи со Ајакс во периодот од 2011-2014 година. Но, три престои надвор од неговата родна Холандија се покажаа неуспешни за поранешниот репрезентативец. Тој беше отпуштен од Интер по само 85 дена на функцијата во 2016 година, а следната година остана во Кристал Палас десет недели.

МИА

 

Shpërndaj me

Loading...