Фудбалерите на Лидс, вклучително и репрезентативецот на Македонија, Езџан Алиоски, заедно со техничкиот персонал, донесоа одлука за намалување на платите во наредниот период со цел да се обезбедат плати за 270 други лица, вработени во англискиот тим.

Овој потег доаѓа како резултат на кризата со пандемијата „Ковид 19“, во која спортските клубови се соочуваат со финансиски потешкотии. „Играчите направија хуман чекор,  покажаа дека имаат заеднички менталитет. Благодарност до техничкиот персонал со тренерот Биела и играчите кои го ставаат клубот на прво место “, рече директорот на Лидс, Виктор Орта. Инаку, екипата на Лидс со постигнатите резултати е близу до враќање во Премиер лигата.

Shpërndaj me

Loading...