Еден ден откако Македонската фудбалска федерација објави за  враќањето на фудбалот со дозвола на Институтот за јавно здравје, фудбалерите на Шкендија ги започнаа своите први активности во просториите на клубот, првично со медицински и физички тестови. Со оглед на тоа дека фудбалерите влегоа во третиот месец од шампионската пауза и се обидоа да ја одржат својата физичка состојба преку индивидуален тренинг, повторниот старт на првенството наложи паралелно со лекарските прегледи да имаат и прегледи за физички способности за да се процени нивната моментална состојба.

Според протоколот подготвен од ФФМ и Институтот за јавно здравје, во наредните денови тренинзите ќе бидат поделени во помали групи, за понатаму постепено да преминат во групна работа, како подготовка за продолжување на сезоната, за која се претпоставува дека ќе старува помеѓу 14 и 21 јуни.

Shpërndaj me

Loading...