fbpx

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека ждрепката за Втората лига ќе се одржи во среда, на 12 август. Тогаш ќе се дознае календарот за сезоната 2020/2021, што ќе започне на 22 август. Втората лига ќе биде поделена во 2 конференции, Источна и Западна, каде победникот обезбедува квалификации во Првата лига, додека оние на второто место ќе се соочат со екипите од 9 – то и 10 – то место во Првата лига. ФФМ потврди дека екипата на Силекс испратила барање натпреварот против Пелистер, во рамките на второто коло од Првата лига, да се одржи во петок, со цел екипата од Кратово да има повеќе време да се подготви пред предизвикот во Лига на шампиони против Карабах од Азербејџан.

Shpërndaj me

Loading...