fbpx

Функционерите на Алијанса за Албанците ги депонираа оставките во Владата. Нивните оставки уследија три дена по повикот на претседателот на Алијанса за Албанците кон функционерите од оваа партија да поднесат оставки од државните функции. Сепак, еден дел од предизборната коалиција „Алијанса за Албанците“ ќе остане на власт. Илми Азири од Алијанса за Албанците, го повтори ставот дека наведениот субјект ќе ги поддржи потребните реформи.

„Ние сме тројца заменици – министри, еден државен секретар и некаде околу осум директор, значи станува збор за 12 – 13 функционери кои ги имаше АА по институциите. Врз основа на договорите кои ги склучил Зијадин Села со коалиционите партнер, позицијата министер за локална самоуправа и припадна на АА, сепак јавноста ги знае политичките и партиските околности кои се случија досега и тоа министерство е на Весел Мемеди“. – изјави Илми Азири, функционер на Алијансата за Албанците

Премиерот Зоран Заев останува на истиот став. На прашањето на пратеникот на АА денеска во Собранието, Заев демантираше дека Владата извршила реконструкција, додавајќи дека Владата има потреба од нивната поддршка во реформските процеси.

На денот кога Собранието ги изгласа новите министри, Алијанса за Албанците соопшти за напуштањето на Владата. Нејзиниот претседател Зијадин Села изјави дека неговиот субјект ќе се одвои од мнозинството во моментот кога ќе се изгласа Законот за употреба на јазиците и дека ќе се поддржат законите и реформските процеси, но не и именувањата на кадрите на ДУИ и СДСМ во Владата. За заминувањето на Алијанса за Албанците од Владата му претходеше недоразбирањето меѓу овој субјект и СДСМ околу Министерството за здравство, сектор со кој до локалните избори раководеше Арбен Таравари од АА, а по неговото кандидирање за Гостивар, СДСМ на Алијансата и понуди функција вицепремиер за спроведување на реформите, а за министер за здравство предложи свој кадар, Венко Филипче, предлог кој е усвоен од Собранието. Алијанса за Албанците беше еден од првите субјекти што ги даде потписите на Заев за мандатар за формирање Влада.

Адријан Керими

Shpërndaj me

Loading...