На вториот состанок на прволигашите, раководството на ФФМ, излезе со 3 предлози како да заврши тековното првенство. Не беше јасно присуството на епидемиологот др. Жарко Караџовски, кој не даде конкретен одговор кога клубовите може да започнат со колективни тренинзи! Тој потецирал дека е невозможно да се одговори имајќи ја во предвид актуелната состојба и секојдневниот број на заболени од Ковид-19 во државата. Истовремено не можел да одговори кога Владата планира да ги отвори границите, што е клучен предуслов за клубовите кои имаат странски фудбалери да можат да ги повикат во своите редови.

Во Македонија никој освен два клуба нема интерес да се доигрува првенството, и заради нив сите други клубови ке трпат дополнителна финансиска штета. Иако е најавено дека календарот на натпревари би бил усогласен во зависност од мерките кои ќе важат на ниво на држава, според ФФМ почетокот на првенството би бил на 14 јуни, а сите натпревари би завршиле до 20 јули.

Од ова уште еднаш можеме да заклучиме дека и покрај реалната опасност од Ковид-19, во моментот кога сеуште има полициски час и Викенд карантин, кога бројот на заразени и починати од Ковид-19 во Македонија драматично расте, се прават сулуди планови за рестартирање на Фудбалското првенство.

Се поставува прашање кој сака заради финансиски интерес да ги загрози здравјето на фудбалерите, тренерите, и другите учесници во евентуалните натпревари.

Shpërndaj me

Loading...