fbpx

Во ФФМ денес беше извлечена ждрепка за бараж натппреварите за комплетирање на Втората лига – Запад. На 7 јули, на стадионот во Тетово, екипата на Фортуна ќе се соочи со екипата на Чакалан. 3 дена подоцна, исто така, во Тетово, екипата на Чакалан го предизвикува тимот на Велешта, додека на 13 јули екипата на Велешта се соочува со екипата на Фортуна. Во меѓувреме, на 10 јули на стадионот во Штип ќе се случи предизвикот за комплетирање на Втората лига – Исток, кога ќе се соочат екипите на Росоман и Слога Виница. Сите натпревари ќе започнат во 17 часот. Во оваа прилика, екипите кои учествуваат во баражаот мора да ги почитуваат протоколите за здравство и за натпревари препорачани од Фудбалската федерација на Македонија.

Shpërndaj me

Loading...