Хрватскиот министер за правда Дражен Бошњаковиќ денеска изјави дека државата ќе бара одговори од Хашкиот трибунал за смртта на поранешниот командант на силите на босанските Хрват, Слободан Праљак, кој почина откако во судница испи отров.

Бошњаковиќ најави дека Хрватска ќе побара од властите во Холандија да бидат вклучени во истрагата за смртта на Праљак. Тој додаде дека дека многу нешта за смртта на Праљак остануваат нејасни, вклучително како отровот бил внесен, зошто обезбеудвањето не реагирало навреме и зошто медицинската помош пристигнала доцна.

Трубиналот во Хаг во средата ја потврди пресудата за Праљак од 20 години затвор за воени злосторства за време на конфликтот во Босна и Херцеговина (1992-1995).

Хашкиот трибинал денеска соопшти дека ќе формира независна експертска комисија, кој ќе ги испитува околностите за смртта на Праљак.

Shpërndaj me

Loading...