Хрватска е револтирана од пресудата на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, чие изрекување вчера беше привремено прекинато од драматичното самоубиство во судницата на еден од осудените воен злосторници, јави ДПА.

Некогашниот командант на силите на босанските Хрвати, генерал Слободан Праљак вчера испи отров, откако судиите на Хашкиот трибунал ја потврдија неговата пресуда од 20 години затвор за воени злосторства за време на Војната во Босна и Херцеговина, по што тој подоцна почина во болница.

Петмина други поранешни воени и политички лидери на босанските Хрвати, исто така беа осудени на повеќегодишни затворски казни.

Пратениците на Хрватскиот сабор денеска оценија дека одлуката на Трибуналот за потврдување на пресудата, ја поврзува кампањата за етничко чистење во БиХ со тогашното државно раководство на Хрватска.

Парламентарните партии во Хрватска објавија заедничка изјава во која истакнуваат дека пресудата „ги игнорира историските факти и докази и затоа е неправедна и неприфатлива“.

– Со својот трагичен чин… генерал Слободан Праљак симболично го насочи вниманието кон неправдата во пресудата, стои во изјавата на водечките хрватски партии, кои изразија и сочувство до семејството на Праљак.

Хрватските пратеници денешната седница ја почнаа со едноминутно молчење во спомен на Праљак.

Shpërndaj me

Loading...