fbpx

Царина демантира дека со новиот данок за моторни возила, луксузните автомобили ќе поевтинат, а поевтините ќе поскапат. Медиумите не ја дале реалната слика на Законот. Од Царина објаснија дека ако некој се реши да купи автомобил во вредност од 29.500 евра со емисија на CO2 од 140 грама ќе плати 443 евра повеќе данок, за разлика од стариот закон. Според нив, ова значи дека нема да има поволности на луксузните коли, туку само поволности на оние кои се поеколошки. Но, ако се купи возило над 31.000 евра, сепак математиката за помали давачки е точна.

„Разликите кои што се појавнуваат деновиве во медиумите со претставување на одредена состојба како поскапите возила ќе станеле поевтини е само резултат на лошо поставените податоци во стариот закон. Примерот што е даден во медиумите деновиве со 31 илјади евра возило што загадува 140 грама и што математички гледано е точно и што дава 300 евра негатива, односно помал данок, може да се компарира со 29.500 евра со 140 грама дизел што ќе даде разлика од плус 443 евра што треба да се плати“, рече Анастас Меженковски, помошник директор.

Разликата во новиот и стариот закон е и даночењето по вредност на автомобилот. Ако претходно постоеше данок за возила поскапи од 3.000 евра, сега ќе се плаќа данок по оваа ставка само за возилата поскапи од 10 илајди евра.

„Сите возиле ќе се натпреваруваат до 10 илајди евра кое е поеколошко, она што е поеколошко ќе плати многу помал данок, а она што е поголем загадувач ќе плаќа неколкукратно поголем данок. Целата на Законот е да се стимулираат луѓето да размислуваат, наместо да платат поголем данок за возила кои повеќе загадуваат, тие пари да ги трансферираат во купување на возило кое е поново и поеколошко“, додава Меженковски.

Данокот за моторни возила започна да се применува од 1 јануари годинава. Но, по само 13 дена наиде на критики од економските експерти. Поранешниот советник на екс министрот за финансии Тевдовски, Бранимир Јовановиќ ја нарече мерката како директно земање на сиромашните и давање на богатите. Од министрството за финансии одговорија дека оваа мерка е стимул граѓаните да купуваат еколошки автомобили и конечно да се промени стариот возен парк на земјава.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...