fbpx

Никој не треба да има илузија дека ова учебна година ќе биде совршено организирана, рече во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Како што вели таа, независно од постоењето на Националната платформа за онлајн образование, има и други фактори коишто се прадизвик за системот.

„…дали сите наставници имаат доволни дигитални вештини – не, дали сите ќе се снајдат веднаш – не, сѐ се тоа одговори коишто ни даваат за право да кажеме дека – да, сме направиле чекор плус во дигитализација на образованието и пристап до образование за децата, но дека ќе биде совршено не треба да има никој таква илузија“, рече Царовска.

 

Shpërndaj me

Loading...