Високиот суд за еднаквост и антидискриминација е само уште една идеја што ДУИ ја користи за изборната кампања, велат правните експерти. Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, вели дека ваков вонреден суд не е предвиден со Уставот, што значи дека за негово формирање ќе треба да се изменат Уставот и голем број закони. Според неа, овој суд е непотребен и само ќе го оптовари судскиот систем на земјава.

Поранешната судијка вели дека наместо политички поени, фокусот треба да биде на ефикасно, правно и транспарентно функционирање на постојните тела, особено во време кога земјата чекори кон ЕУ и чека да биде оценета за спроведувањето на судските реформи, поглавјето 24. ДУИ вчера вети дека заедно со првиот премиер Албанец ќе воспостави и т.н. Висок суд за еднаквост, кој ќе ги испита сите, како што велат, еднострани судски и административни предмети и ќе има моќ да ги отфрли решенијата на сите државни институции кои ќе бидат оценети како дискриминациски.

Анеса Салиху

Shpërndaj me

Loading...