fbpx

Во петок во Црвениот крст на Албанија ќе ù бидат донирани нешто над 16 милиони денари или 270 илјади евра, донација од Црвениот крст на Северна Македонија како помош на погодените од земјотресот на 26 ноември. Финансиски средства ги собрале граѓани, државни и приватни компании, разни институции и преку телефонските броеви за донации.

„Парите што денес ги даваме во висина од 16 милиони денари, до петок ќе ги пренесеме во албанскиот Црвен крст. Другата сума што треба да пристигне деновиве, дополнително, ќе ја префрлиме…“-рече Саит Саити, претседател на Црвениот крст.

Црвениот крст и институциите кои ја поддржаа иницијативата велат дека хуманитарната акција ќе продолжи и понатаму. Меѓу опциите за донирање се телефонските броеви 070/075/077 143 400. Покрај помошта во пари, Црвениот крст помогна и преку тимовите за интервенција. Донација од 3 милиони денари даде и МЕПСО, како и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, но поради некои постапки овие средства ќе бидат префрлени во Албанија за неколку денови.

Мелихате Рустеми                       

Shpërndaj me

Loading...