Црна Гора денеска, на Меѓувладината конференција во Брисел, го отвори осмото, последно поглавје во преговорите со Европската унија.

Поглавјето што денеска е отворено ја опфаќа заштитата на конкуренцијата и државната помош, а преговорите во тоа поглавје имаат за цел ефикасно спроведување на политика за заштита на конкуренцијата, која придонесува за подобрување на економијата, развој и раст на компаниите, инвестиции во истражување и развој на нови производи, привлекување нови инвестиции, зголемување на производството и извозот, пренесува РТЦГ.

 

Shpërndaj me

Loading...