Додека ДУИ ветува албански јазик и за Македонците и другите заедници, почнувајќи од петто одделение, учениците Албанци во Чашка, општина Велес продолжуваат да учат на македонски јазик. Веќе неколку години, не е дозволено отворање на часови по албански јазик во основното училиште „Тодор Јанев“. Советникот Рамадан Амзовски ја обвинува локалната самоуправа и раководството на училиштата за овој проблем.

„Кога станува збор за училиштето Тодор Јанев, мене како на општински советник, ми е јасно дека шансите не дека се мали, туку скоро и ги нема кога го слушам како зборува директорот, претседателот на училишниот совет и родителите на учениците Македонци. “.

Кандидатот на ДУИ за премиер Зибери рече дека учењето на албанскиот јазик од страна на Македонците од петто одделение овозможува меѓусебна комуникација и не треба да се сфаќа како хендикеп, туку како приоритет, да се почитува меѓусебниот јазик, култура и историја.
Но, професорот Авзи Мустафа проценува дека заложбите на ДУИ, во овој случај, имаат врска со придобивките од политичките поени.

„Прашањето за учење на албанскиот јазик за другите заедници постои како изборен предмет во наставните програми подолго време. И сега, колку е имплементирано во оние средини каде што се мешани, не знам. Но, она што сега се појавува како барање се чини дека е повеќе политичко и има врска со освојување гласови. Засега, мислам дека оваа иницијатива во македонската заедница изгледа како наметнување и се што е наметнување верувам дека не успева“.

Спроведувањето на задолжителното предавање на албански јазик во училиштата е надвор од уставните одредби. Во моментов, уставот предвидува задолжително предавање на македонски јазик за училиштата каде што наставата се изведува на било кој друг јазик.

Melihate Rustemi

Shpërndaj me

Loading...