fbpx

Само четири средни училишта добија дозвола да започнат со настава со физичко присуство од 1 октомври. Од 66 барања, Специјалната комисија одлучи дека две училишта за деца со посебни потреби, едно приватно и едно општинско ги исполнуваат условите согласно просторот и бројот на ученици.

„Комисијата донесе одлука и за барањата на основните училишта кои се пријавија во двете недели од септември. 169 училишта добија зелено светло за настава со физичко присуство од 4-9 одделение, од кои 1 приватно, 6 за деца со посебни потреби, 15 централни и 147 подрачни училишта. 32 не ги исполнуваат условите“.

Специјална комисија:

„169 училишта од 4-9 одделение добија одобрение
1 приватно, 6 за деца со посебни потреби
15 централни и 147 подрачни
32 не ги исполнуваа условите

Специјалната владина комисија прими близу 500 апликации од средните и основните училишта. Вчера министерката за образование Царовска истакна дека за другите училишта што аплицирале ќе се одлучи до петок.

Во меѓувреме, студентските домови ќе бидат отворени со преполовени капацитети според здравствените протоколи. Во секоја соба наместо две лица ќе бидат сместени по едно, а во оние со четири кревети ќе има само двајца ученици. За другите ученици кои студираат надвор од дома, владата предложи решенија, за кои мора да се направат законски измени.

„Владата ќе достави до Собранието предлог- измени и дополнувања на законите за студентски и ученички стандард, каде што е наложено во услови на вонредна криза, пандемии и сл на студентите и учениците кои стекнале право за сместување, а немаат простор во студентскиот дом, да им се исплаќа месечна кирија во приватни објекти или автобуски билети за патување“, велат од Владата.

Од Министерството за образование велат дека цената  ќе ја утврди извршната власт. Според нивните пресметки, правото на плаќање приватна кирија и патни билети ќе го користат 347 ученици и 884 студенти кои ги започнуваат студиите со физичко присуство на техничките и медицинските факултети.

Аднан Ќаили

Shpërndaj me

Loading...