fbpx

Чиро Имобиле е најдобриот стрелец во Европа за оваа натпреварувачка сезона 2019/2020.

Италијанскиот репрезентативец со 35 погодоци е на првото место на листата на стрелци, и само Кристијано Роналдо кој имаше 31 гол, можеше да ја загрози неговата позиција. Со оглед на тоа што Португалецот нема да настапи вечерва против Рома, тоа автоматски значеше дека Имобиле ја освојува „Златната копачка“.

Имобиле е третиот италијанец што е носител на оваа престижна награда која се доделува за најдобриот голгетер на стариот континент, претходно тоа им успеа на Франческо Тоти и Лука Тони.

Shpërndaj me

Loading...