fbpx

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ќе бара од меѓународните набљудувачи да се фокусираат на регионите каде што во минатото имало многу изборни неправилности. Во моментот се прибираат податоци и анализи. Ќе се превенираат изборен поткуп, уцени и манипулации со гласачите.

…Во текот на наредната недела за сите овие критични точки да ги информираме ОБСЕ и ОДИХР, набљудувачката мисија и дипломатските конзуларни претставништва, со цел на тие избирачки места со висок ризик, да има повеќе набљудувачи“-изјави Наќе Чулев, министер за внатрешни работи.

Чулев призна и дека утврдиле агитирање од страна на полициски службеници за време на кампањата за некоја од партиите.

Имаме информации. Имаше таков случај во Скопје и во Куманово и против тие полициски службеници се преземаат конкретни мерки, вклучително и кон колегата од Куманово. Бидејки станува збор за потешко кршење, најверојатно ќе следува и најтешка дисциплинска казна, а тоа е отказ“-рече Наќе Чулев, министер за внатрешни работи.

Чулев ги повикува сите полицајци да не подлегнуваат на влијанијата на политичките партии, да останат професионални и да не извршуваат партиски задачи.

 

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...