fbpx

Поранешната пратеничка, но и Претседател на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, Даниела Рангелова, нема да одговора за случајот „Шамари во Центар“. Обвинителството ѝ го повлече обвинението, а истото го стори и за други двајца обвинети – Милан Андоновски и Борче Богдановски. Доказите, но и сведоците, не покажале дека Рангелова, тогашен советник во општина Центар, може да има некаква вина.

„Ќе им порачам само на оние сведоци кои лажно сведочеа против мене, нека им служи на чест без да навлегувам во нивните лични намери“, рече Даниела Рангелова, поранешен советник во општина Центар.

Рангелова не очекува, ВМРО – ДПМНЕ да ја нападне за тоа што излегува слободна од обвинението.

„Бев обвинувана дека се пазарам. Сега си ја докажав правдата. Сега може да се пресметам со тие што е обвинуваа од партијата. Сега излегува спротивното од она што го тврдеше Мицкоски и компанија и сега можеме лично да се пресметаме на еден дуел“, додава Рангелова.

Обвинителството побара затворски казни за нарачателите – бегалецот Никола Груевски и најблискиот соработник Миле Јанакиески. За одбраната проблем е што денеска обвинителите ги повлекле обвиненијата за дел од обвинетите.

„Не е само дека е изменето обвинението во небитен дел, туку во суштински дел во голем дел за обвинетите“, изјави Еленко Миланов, адвокат на Миле Јанакиески.

Ослободителна пресуда денеска побара и обвинетиот Александар Трајковски кој го посети Никола Груевски во Унгарија. Јанакиески и уште пет обвинети својата одбрана ќе ја дадат во понеделник. Во овој случај претходно двајца признаа вина, еден е условно осуден, а за тројца е повлечено обвинението. Предвидената затворска казна за останатите седум обвинети е од пет месеци до пет години.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...