Резултатот од шест играчи или членови на персоналот во Премиер лигата беше позитивен за присуството на Ковид-19. Тие се од примероци земени од три клуба. Шестемина ќе бидат изолирани за период од седум дена. Првата серија тестови беше извршена во текот на викендот, во која беа вклучени примероци од 748 лица.

Премиер лигата ги објави позитивните тестови, но не ги објави имињата на заразените и клубовите од каде се.

– Премиер лигата ги обезбедува овие информации заради транспарентност и чесност. Нема да бидат дадени никакви конкретни детали за луѓето или клубовите. Резултатите ќе бидат објавени по секоја серија тестирања, се вели во соопштението од управата на англискиот шампионат.

 

Shpërndaj me

Loading...