Главниот град води по бројот на заразени со коронавирус во земјава. Скопје и сите општини достигнаа број од 183, со седум нови случаи во последните 24 часа. Првиот човек на град Скопје, Петре Шилегов вели дека бројката се смета како нормална, ако се има во предвид бројот на жители.

Кризниот штаб на Град Скопје засега нема да предложи дополнителни мерки за ограничување, туку ги следи наредбите на општиот кризен штаб.

Движењето на територијата на Скопје за време на полицискиот час е сведено речиси на нула, но во текот на денот се забележува движење на граѓани.

Последните две недели движењето во главниот град е намалено во споредба со нормалниот период. Карпош останува општината со најмногу заразени во Скопје. Сепак, властите велат дека нема децидна формула за ширење на вирусот, туку зависи од интерактивноста на луѓето кои доаѓаат од разни зони.

Од вкупниот број 183 заразени во Скопје, над 30 се од општината Карпош, а потоа следуваат Центар, Кисела Вода и Гази Баба.

Фатлуме Дервиши

 

Shpërndaj me

Loading...