fbpx

Жителите на Скопје, Тетово и Велес денеска повторно се соочија со висок индекс на загадување на воздухот. Додека граѓаните мака-мачат да најдат некаква заштита, министерот за екологија Садула Дураку заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и претставници на УНДП претставија некои од мерките за кои тврдат дека ќе го намалат загадувањето на воздухот.

Субвенционирање на филтрите во институциите, субвенционирање на вентилатори во специфични институции како градинки, училишта, болници… Ќе продолжиме да бараме од претпријатијата да поставуваат филтри и да добијат интеграциска дозвола А, ќе стимулираме електрични возила, ќе ги зголемиме инспекциите и контролите од државниот инспекторат.“ – изјави Садула Дураку, министер за екологија

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави дека во соработка со МВР ќе побара измени во Законот за технички преглед на возилата. Исто така, преку поскапување на паркинзите ќе ги поттикнувал граѓаните повеќе да користат јавен превоз, чија цена ќе биде поевтина од сегашната.

Според едно истражување на Програмата за развој на Обединетите нации, најголеми загадувачи на градовите во земјава преку зима се домаќинствата кои се грејат на несоодветни горива.

Домаќинствата сочинуваат 1/3 од загадувањето на воздухот, потоа следат превозот, индустријата и градежништвото. Прво би било замена на шпоретите за греење, од греење на дрва, на греење со пелети. Второ би било инвестирање за изолирање на домовите и трето, што повеќе домаќинства да се приклучат на централното греење.“рече Луиза Винтон, УНДП

Овие мерки се очекува да почнат да се реализираат по усвојувањето на буџетот за 2018 година.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...