fbpx

Непопуштањето на францускиот претседател Емануел Макрон во однос на проширувањето на ЕУ го зголемува стравот дека ниту следната пролет нема да има датум за отворање на преговорите со Скопје и Тирана. Познавачите на европските прашања не гледаат ниедна можност на Самитот во Загреб во мај, двете земји да добијат зелено светло, затоа што е невозможно дотогаш земјите членки да постигнат договор за француската методологија.

Јорданова и сугерира на Владата да ги разгледува надворешните стратегии, односно лобирањето.

Принципот на консензуалност овозможува Макрон да го блокира отворањето на преговорите со Скопје и Тирана, независно од тоа дека многу други лидери, меѓу кои и германската канцеларка, Меркел, Претседателот на Европскиот парламент, Сасоли и таа на Европската комисија, Урсула Вон Дер Лејен инсистираат реформите во методологијата за проширување да не го одложат почетокот на преговорите, а сега веќе околу 20 држави писмено побарале преговорите да се отворат на пролет.

 

Shpërndaj me

Loading...