fbpx

Велика Британија и Европската Унија се согласија за новиот договор за Брегзит, изјави претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер.

„Таму, кадешто постои волја, таму има и договор – го постигнавме! Тоа е фер и избалансиран договор за ЕУ и за Британија кој сведочи за нашата посветеност да се пронајде решение“, рече Јункер.

Информацијата, преку својот твитер профил ја сподели и британскиот премиер, Борис Џонсон:

„Постигнавме договор којшто повторно ја враќа контролата врз процесот“, напиша Џонсон.


Постигнатиот договор треба да биде верификуван и од парламентот во ЕУ и во Велика Британија.

 

Shpërndaj me

Loading...