fbpx

Американската организација на филмски критичари од Њујорк ја додели наградата за најдобар документарен филм за 2019 година на македонскиот документарец „Медена земја“, беше соопштено вечерва. Наградата ќе биде официјално доделена на 7 јануари во Њујорк. Американската организација на филмски критичари од Њујорк е основана во 1935 година и ги вклучува критиките на неделниците, магазините и онлајн изданијата. Документарецот е дело на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Во него се говори за една жена од Овче Поле која одгледува диви пчели за мед. Тој е и кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм.

 

Shpërndaj me

Loading...