fbpx

Скопското обвинителство од Кривичниот суд бара судење за поранешниот шеф на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Обвинителството го товари Вангеловски дека ја злоупотребил службената положба и овластување, бидејќи во ноември 2018 година на врховната судијка Лидија Неделкова намерно не ѝ дал додаток на плата за тој месец во висина од околу 500 евра, како на сите други судии. Според обвинителството, ова е спротивно на законот за платите на судии и правилникот за додатоци на плата. Инаку, пред неколку месеци Вангеловски беше разрешен од функцијата судија поради случајот со укинувањето на притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

Shpërndaj me

Loading...