Во интервјуто за списанието Your Fitness, 50-годишната пејачка и актерка раскажа како успева да ја одржува фигурата затегната и секогаш да биде во добро расположение.

Вечната младост на Џенифер Лопез на ги остава рамнодушни нејзините обожувателки, бидејќи пејачката секоја година изгледа се поубаво. Освен тоа, Џенифер стана главна хероина и на новиот број на популарното списание Your Fitness. Таму зборуваше за својот начин на живот и ја откри тајната на својата диета.

Секој ден таа го почнува со протеинскиот коктел BodyLab TastyShake, потоа појадува, а за ручек повторно ја пие истата протеинска смеса.

– Но, главната финта е во вечерата. Имено, тогаш, навечер, ми се буди “волчји апетит”, што го знаат сите оние што држеле диети. Затоа навечер испивам уште една чаша од протеинскиот коктел и тоа ми помага за некое време да го избегнам чувството на глад. Покрај тоа, ваквиот коктел одлично ги храни мускулите – вели Лопез.

После тренинзите, Џенифер го надоместува водениот баланс и си дава одмор себе си, за да биде подготвена за напорот следниот ден. Во моментов, оваа музичка ѕвезда настапува во шоу во Лас Вегас и во најблиска иднина таа има обврска за уште околу 40 концерти.

– Јас пијам многу вода, употребувам здрава храна и спијам не помалку од осум часа. По тренинзите детално се мијам, што ми помага да ги зачувам порите чисти и мојата кожа да oстане здрава – вели Џенифер Лопез.

 

Shpërndaj me

Loading...